Нешто помалку од десет милиони граѓани, поточно 9.810.040 милиони Грци, гласаат на денешните парламентарни избори во Грција. Гласачките места беа отворени во7 часот утрово, гласањето ќе трае до 19 часот по локално време, а на изборите учествуваат 27 партии, осум коалиции и еден самостоен кандидат.
Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по локално време. Земјата за парламентарните избори е поделена во 59 изборни единици во кои што се одбираат 285 од 300-те пратеници во грчкиот Парламент. Останатите 15 доаѓаат од листа која важи за целата земја.
На овие избори има три новини: гласат Грците кои живеат во странство, право на глас имаат сите кои наполниле 17 години, а не 18 како што беше до сега и ќе се спроведе пропорционален изборен модел.
Според пропорционалниот модел, за да може победникот на изборите да формира еднопартиска Влада, потребно ќе биде да обезбеди најмалку 151 пратеник кои ќе бидат од гласовите на граѓаните, односно ќе треба да добие голем број гласови околу 45 отсто.
На денешните избори учествуваат 36 партии, а за обезбедување на место во грчкиот Парламент се потребни минимум три отсто од гласовите.