Груевски и Јанакиевски не чуствуваат вина за „Шамарите во Центар“

20 November, 2017 - 21:32

Се чувствувам виновен и длабоко се каам за стореното, оваа  реченица на советникот на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров обвинет во „Шамарите во Центар“ ги изненади сите во судницата, од обвинитлеката Фатиме Фетаи, до адвокатите и обвинетите. Пред него и по него сите почнувајки од лидерот на партијата Груевски и ексминистерот Јанакиевски, беа децидни дека не чувствуваат вина. Лазаров рече дека доброволно и свесен за последиците го дал признанието и вети дека во иднина нема да го повтори кривичното дело.

Фетаи го смести Лазаров мегу поттикнувачите на извршителите, партиски кадар впрегнат во интерес на високото партиско тело. Според неа, локацијата од која извирала идејата за насилството бил мозокот на Никола Груевски, а веднаш зад него е послушникот Миле Јанкиевски, рече Фетаи во завршниот збор. 

Пресудата за Лазаров ќе биде објавена во петок. За останатите обвинети кои рекоа дека се невини судењето продолжува следната недела, кога ќе ја продолжат битката со доказите и аргументите, откако денеска по повеќе од една година одлагање судењето започна. Дали признанието на нивниот сопартиец Лазаров, ќе влијае негативно врз позициите во одбраната останатите не сакаа да коментираат.

И за обвинетиот Димче Крстев постапката беше издвоена по предлог на СЈО, за да не се одложува повторно судењето бидејќи обвинетиот останал без адвокат а се пожали и на здравствени проблеми. 

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 2359 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.