Хан: ЕУ бара резултати од реформите до крајот на годината

20 November, 2017 - 21:39

Направивте многу, но остана уште да се сработи. Еврокомесарот Хан изрази задоволство од досега спроведените реформи. Заедно со неговиот тим се посветени Македонија да добие позитивна препорака на почетокот на следната година. Оттука и надежта дека сите земји членки ќе се изјаснат позитивно. Ја повика опозицијата да биде конструктивна со оглед на тоа дека ЕУ е национален приоритет, очекува конкретни резултати од реформите во правосудството, администрацијата и безбедносните служби. Законот за јазици не е менѓу итните реформски приоритети.

„Она што е сега важно е владата и другите релевантни фактори во државата да се фокусираат на законите и условите кои што се релевантни за добивање позитивна препорака. Законот за јазиците не е дел од она што е договорено во овој контекст. Треба да се фокусираме на она што треба итно да се сработи“, рече Хан.

Одговарајќи на прашање во врска со стартешкиот документ кој што се подготвува, а во кој според некои информации од Брисел за поноправно членство во ЕУ во 2025 година се превидени Србија и Црна Гора, а Македонија не се споменува, Хан посочи дека сите земји имаат подеднакви шанси.

„Има документ, но се однесува на сите 6 земји од регионот. Не се издвојуваат тие две земји кои ги споменавте од останатите. Затоа нагласив и укажав на говорот на Јункер дека стартегијата која најверојатно ќе биде објавена во февруари следната година, ќе ја опфати европската перспектива на сите 6 земји од регионот“, вели тој.

Премиерот Заев ги посочи превземените активности во делот на итните реформски приоритети во судството, контролата на разузнавачките служби и за целосната деполитизација и професионализација на администарцијата. Ние ќе испорачане резултати затоа што се пред се за наше добро, но очекуваме нивно вреднување од европските институции, рече Заев.

Според Заев, време е во многу блиска иднина да се направи неопходен исчекор и Македонија целосно да биде извлечена од долгогодишната криза.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 1098 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.