Хан идната недела во Скопје

14 November, 2017 - 11:34

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан идната недела доаѓа во Македонија. Посетата на Скопје тој ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

„Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество“, објави Хан на Твитер.

Во твитот како извонредна ја оцени средбата Османи и со Димитров.

“Верувам дека Владата ќе го искористи позитивниот момент и оти ќе ги видиме резултатите од натамошните реформи до крајот на годината. За ова е потребна конструктивна соработка на сите политички сили, вклучувајќи ја и опозицијата“, напиша Хан.

 

Веста е прочитана 615 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.