Хотел Изгрев демантира дека кај нив имало труење со храна на туристи- нивни гости пиеле смути купено вон хотелот

17 July, 2017 - 16:41

Од струшкиот хотел Изгрев денеска со соопштение негираат дека труење на храна на три гостинки на хотелот е предизвикано од нивна страна. По извршениот вонреден инспекциски преглед, Агенцијата за храна и ветеринарство „не констатирала несоодветности од кои би била назагрозена безбедноста на храната“, соопштија од хотелот Изгрев Спа и аквапарк.

Во разговор со израелска туристка која пријавила дека нејзините две деца биле затруени, утврдиле дека пред оброкот во хотелот децата конзумирале напиток смути што го купиле надвор од хотелот.

Од хотелот Изгрев потенцираат дека сите досегашни контроли и анализи на вода извршени во пролетниот и летниот период покажале дека сите параметри се исправни.  Раководството најави продолжување на успешна сезона и успешна туристичка приказна на Изгрев.

МВР вчера во соопштение наведе дека три туристки сместени во Изгрев во саботата наутро се пожалиле на труење со храна по што биле лекувани во струшката болница. 

Веста е прочитана 1077 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.