Идентификувани дел од напаѓачите во Собранието кои беа со фантомки

16 July, 2017 - 15:42

Најголемиот дел од маскираните кои со фантомки го предводеа упадот во Собранието на 27-ми април се идентификувани, тврдат за Телма полициски извори. Нивниот идентитет е потврден и преку работа на тимот на истражители кој го сочинуваат 8 полициски инспектори во обвинителството за организиран криминал. Топ Тема на Ваша страна во петокот објави фотографија дека еден од фотографијата снимена три дена пред упадот може да се препознае под фантомка во собраниските насилства. Го издаваат истата торбичка, истиот часовник на десната рака и истата плетенка на левиот рачен зглоб. Истражните органи не откриваат дали против него досега е поднесена кривична пријава.

Полициски извори пак тврдат дека осомничениот не е полицаец, туку познат на полицијата. И покрај таквото досие, тој на 27-ми април им издава наредби на малубројните полицајци во собранискиот хол и се однесува како да ги познава. Од 12-те на фотографијата, досега против двајца се поднесени кривични пријави, но тие и во инцидентите учествуваат без маски. 

Истрагата утврдила и во кој дел од Скопје се движел тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков. 

 

Миомир Серафиновиќ 

Веста е прочитана 14365 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.