Иги Поп: Светот треба да се смири и да престане да се дрогира

22 May, 2016 - 18:53

Познатиот светски музичар Иги Поп се пожали во Кан на слабиот слух и му порача на светот дека чаша вино со добар оброк е подобар избор од која било дрога.

- Сите треба да престанат со тие гомненици, рече 69-годишниот Иги во Кан, каде го промовираше филмот за неговиот живот и неговата група „The Stooges“.

- Ќе се напијам вино за време на вечерата и тоа е тоа. Кога немам работни обврски рано си легнувам, рече тој. 

Иги Поп заедно со режисерот Џим Џармуш на прес-конференција во Кан говореше за филмот „Gimme Danger“, посветен на неговите почетоци со групата The Stooges, кон крајот на ’60-те години од минатиот век. Призна дека во тоа време бил на ЛСД.

Откако на почетокот на прес-конференцијата им кажа на новинарите да му ги поставуваат погласно прашањата, бидејќи е напола глув, Иги изјави дека деновите во последно време не му се ништо посебно.

Тој истакна дека јаде три квалитетни оброци во текот на денот и дека некако успеал да се регенерира од разните супстанци, кои ги ставал во себе.

- Сите треба да се смират. На светот му треба љубов, порача тој. 

Веста е прочитана 412 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.