Игор Југ го гонат за носење оружје во Собранието на 27-ми април

22 September, 2017 - 15:34

Обвинителството сега го гони Игор Југ за неовластено носење оружје на 27-ми април во крвавите собраниски инциденти.
Скопското обвинителство и официјално потврди дека за вчера уаспениот Југ во моментот се води истрага за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“ поради што ќе бара подолга мерка притвор додека трае постапката.
Југ кој по речиси 5 месеци бегство е уапсен вчера во Куманово, на почетокот на истрагата беше гонет за дело учество во толпа и му беше определен притвор од 8 дена.
Истрагата сега утврдува дали и какво оружје носел во Собранието. На повеќе снимки се гледа како Југ во собраниската прес сала одвреме навреме ја држи раката под маицата зад грб, по што јавноста се прашуваше дали носи оружје.
Потоа и српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ тврдеше дека Југ имал задача да го убие Заев, но Кумановецот преку фејсбук ги отфрли овие обвинувања. Од обвинителството не даваат други детали за истрагата за оружје во Парламентот на 27-ми април.
М.С.

Веста е прочитана 6962 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.