Иницијатива за воведување заедничко родителство по развод

20 March, 2017 - 16:20

Едвај една недела во месецот со своето дете може да помине родителот кој после разводот не го добил старателството.  Уште потрауматично е доколку родителите се разделиле со кавга, бидејќи законот е на страната на оној со кој детето ќе продолжи да живее. Иницијативата на граѓани за заедничко родителство се обидува да стави крај на овој децениски проблем преку иницирање измени во законот.

„Едната страна која однапред знае дека ќе го добие детето, нема интерес да се договара со другата страна, наместо тоа полсено е да се злоупотребат државните институцции, знаејќи ја нивната пракса и другиот родител да се отстрани од животот на детето. Тоа се прави со цел одмазда на бившиот брачен партнер, но практично одмаздата е на грбот на детето бидејќи тоа го губи едниот родител“, смета Наум Рибароски од иницијативата „За заедничко родителство“.

 Од иницијативата бараат подеднаква одговорност и права за родителите и по разводот. 

„Да се воведи минимум загарантирано време за едниот родители, од околу една третина од времето, односно 120 дена годишно, а каде што е можно да се оди чекор понатаму, да се воведе видување 50/50, времето да биде приближно еднакво со двајцата родители“, додава Рибароски.

Иницијативата ја започнале пред две години. Тогаш од Министертвото за труд и социјала им побарале компаративна анализа за тоа како европското законодавство се справува со овој проблем, како и мислење од државните институции кои на каков било начин се инволвирани во целиот процес. Денеска ги доставиле и овие документи. На потег е Министерството. Од него ќе зависи дали и кога предлог измените ќе се најдат пред пратениците.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 2699 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.