Интернационален фестивал на краток филм „Астерфест“ во Струмица

27 June, 2017 - 12:23

Во Струмица почна 13-от Астерфест. Интернационалниот фестивал на краток авторски и документарен филм годинава се одржува под мотото „Меѓу фактот и фикцијата“. На синоќешното отворање се врачија наградите на почесните лауреати, продуцентката Џеки Шепард која ја доби наградата „Астер“ за високи достигнувања во филмската продукција и Коле Ангеловски, актер, режисер и сценарист кој го доби Специјалното признание на „Тивериополската филмска алијанса“ за високи достигнувања во филмската уметност.

Во петте фестивалски денови ќе се прикажат околу 40 филмови од кои половина ќе учествуваат во официјалната конкуренција за златна, сребрена и бронзена потковица.

За време на фестивалот ќе присуствуваат повеќе автори коишто ќе можат да ги претстават своите филмски остварувања пред струмичката публика.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 1204 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.