Истрагата и идентитетот на двајцата владини функционери остануваат тајна

2 November, 2017 - 15:26

Во Јавното обвинителство  ниту потврдуваат, ниту одрекуваат дека се водат постапки против двајца високи претставници на власта за кои вчера премиерит ЗАев откри дека се под истрага. Се повикуваат на тајноста на постапката.

-Согласно законот за кривична постапка, сите дејствија што се превземаат во предистражна постапка од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија се сметаат за тајна и не можат да бидат споделени со јавноста, велата од ОЈО.

Вчерашната изјава на Заев предизвика големо интерес кај јавноста. Покрај  коментарите на подршка за   почеток на  политиката на неселективна правда,  беа отворени и многу дилеми. Прашањето дали овие лица се уште се на висока позиција е едно од најчесто поставуваните.

Според поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски, законот е јасен во вакви случаи. Доколму има основано сомнение дека одредено лице извршило кривично дело, а сомнението го потврдува јавното обвинителство, тогаш постои обврска да се донесе решение за суспендирање на лицето од работното место.

Премиерот ЗАев вчера обелодени дека двајцата претставници на власта кои се под истрага се на должност два месеца. На почетокот на август беа именувани 67 директори на органи, државни управи и казнено поправни установи. За кои од нив станува збор никој од надлежните институциии не открива. Истрагата според ЗАеб била покрената по пријава на граѓани.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 2200 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.