Избирачкиот список е пред заклучување

25 September, 2017 - 16:16

Избирачкиот список е пред заклучување. Се чекаат последните информации од Заводот за статистика, кој треба техничко-методолошки да ги обработи забелешките што ги искажаа политичките партии, како и податоците од затворите, во кои има прераспоредување на затворениците во различни казнени установи.

По јавниот увид, единствениот Избирачки список брои милион 814 илјади 624 избирачи. Споредено со последните парламентарни избори од минатиот декември, сега има 30-тина илјади гласачи повеќе. Но, само за тие избори, имаше посебни административни и теренски проверки и посебни списоци.

Според Роковникот, до крајот на неделава ДИК треба да го потпише веќе заклучениот Избирачки список.  

Соња Николовска

Веста е прочитана 481 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.