Изгоре покривот и канцеларии на архитектонскиот факултет

9 November, 2017 - 15:42

Пепел и чад остави зад себе пожарот кој рано утринава се распламти во зградата која ја користат градежниот и архитектонскиот факултет во Скопје. За среќа повредени студенти, професори и вработени нема. Противпожарните екипи брзо по пријавата на пожарот интервенираа, а проблем за пристап до зградата направија паркираните возила па мораше да интервенираат и пајак службите, велат очевидци.

Во 9 часот и 10 минути е пријавен пожарот по што на терен излегоа 12 возила и 26 пожарникари. Постоеше реална опасност тој да се прошири од третиот на подолните катови. И покрај дел од шпекулациите дека можно е причината за огнот да е заборавено решо за сега официјално не се познати причините.

Пожарот избувна во простории кои како кабинети ги користи архитектонскиот факултет. Целосно се уништени три простории а зафатена е и една која припаѓа на градежениот. Двајцата декани во моментот биле на факултетot и побарале итна евакуација, оти наставата била во тек. Тројца студенти се пожалиле на проблеми со дишењето но нивната состојба не е сериозна.

Инаку додека траеше локализирањето на пожарот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, дојде и министерката за образование Рената Дескоска. Освен тие според деканите на факултетите помош понудиле и министерот за транспорт како и ректорот на универзитетеот „св Кирил и Методиј“.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 2490 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.