Изградбата на охридското крајбрежје го достигнува максимумот

24 October, 2015 - 18:22

Охрид  се доближува до максималната граница на изграденост на крајбрежјето утврдена при прогласувањето на неговото културно и природно богатство за светско наследство заштитено од УНЕСКО, предупредуваат експерти.

Според нив во голема мера тоа се должи на недоволна вклученост на стручните лица од објаста на животната средина при урбанистичкото планирање на крајбрежјето.

- Можеби треба да се донесе мораториум за изградбна на крајбрежјето на Охридското Езеро и да се предвиди колкав дел од бреговата линија треба да биде урбанизирана. Имам податоци дека при приемот на Охрид во УНЕСКО е донесен консензус дека 60 проценти од бреговата линија нема да биде урбанизирана. Ние се доближуваме до тој процент, можеби и ќе го надминеме иод 40 проценти од должината би била урбанизирана. - вели Ѓоко Зороски, експерт по животна средина. – вели  Ѓоко Зороски експерт по животна средина.

Според најавите на властите, наскоро на охридското крајбрежје ќе се гради мала марина со ресторан како и медитеранска плажа со палми и платформи во вода. Експертите сметаат дека  таквите градби не се својствени за Охридското Езеро и наместо развој на туризмот можат да доведат до негова стагнација.

-Нашето езеро е ограничен еко систем. Ние сепак треба да го почитуваме она што значио извпорност затоа што спо тек на време со градење на такви објекти со постепено урбанизирање ќе се намали бројот на туристи кои сакаат да видат нешто што е поразлично од она што го нудат другите земји кои горе долу имаат монотона понуда во однос на исхрана, угостителски објекти, ние треба да понудиме н ешто што е зачувано и оригинално и со тоа да станеме бренд во Европа. – додаде Зороски.

 УНЕСКО пред две години изврши инспекција на Охрид, по што во значителна мера беше намален бројот на објекти кои ќе се градат на Плаошник во рамки на проектот за возобнување на Свети Климентовиот универзитет. Под лупа на УНЕСКО ќе бидат и туристичките развојни зони во Љубаништа каде контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој сакаше да гради луксузен комплекс со  хотел на вода.

 -Ние се уште тие проекти не сме ги виделе. Центарот за светско наследство очекува дека владата во склад со своите обврски за имплементација на  конвенциите за заштита на светското културно и природно богатство ќе ги достави тие документи и тогаш ќе дадеме мислење за сето тоа. – изјави Синиша Шешун од УНЕСКО.

И УНЕСКО и стручните лица од областа на екологијата укажуваат дека урбанизацијата на Охрид во заштитените зони кои се и најатрактивни треба внимателлно да биде планирана, за да не ги наруши визурите на градот и неговата автентичност.

Горан Момироски

 

Веста е прочитана 187 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.