Изложба на Рената Поповска во Кинотека

31 May, 2017 - 08:46

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде отворена изложбата на уметникот аматер Рената Поповска.

Делата, околу 60, работени исклучиво од природни материјали: камен, дрво, коноп, ја раскажуваат убавата страна на животот, камената безвременска енергија и вечната љубов. 

Водејќи се од својот креативен дух и моќта на природното, Поповска создава творештво кое само по себе е предизвик. Ова е нејзино прво претставување. 

Веста е прочитана 1357 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.