Изложба на уметнички дела на лицата со попреченост

30 September, 2017 - 16:25

Децата со посебни потреби од штипскиот дневен центар станаа вистински ликовни уметници. Со едноставни потези на четкичката на платното се создаваат уметнички дела, а потоа со помош на ликовниот уметник се доработуваат нивните слики, кои за првпат ќе бидат изложени на 9 октомври во галеријата Безистен. Дефектолизите и родителите се горди што за првпат ќе имаат една ваква изложба, а нивните дела изработени во техниката масло на платно ќе останат вечни.

Штитениците во штипскиот дневен центар за деца со посебни потреби веќе еден месец работат со ликовниот уметник. Според кој веќе може да се забележи и разлика, не само во нивното однесување, туку и во начинот на кој ликовно се изразуваат.

Уметничките дела на децата со посебни потреби ќе бидат достапни за продажба, средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за дидактички средства за центарот.

Викторија Димитрова Јованова

Веста е прочитана 224 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.