Измените на Законот за јавни набавки на собраниска седница

8 November, 2017 - 10:59

Предлог законот за изменување на Законот за јавни набавки, по скратена постапка, со кој се предлага укинување на Советот за јавни набавки, е на дневен ред на денешната 19. седница на Собранието.

„Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки, и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално искористување на јавните средства“ стои во образложението на законот. Предлагач на измените е министерството за финансии од каде објаснуваат дека од своето постоење од 2014-та, Советот за јавни набавки не ги остварил првичните цели, односно неговите одлуки не доведоа до значително зголемување на  конкуренцијата во постапките за доделување на тендери, бидејќи нема зголемување на просечниот број на поднесени понуди.

Јавноста е поделена околу ефектите од укинувањето на Советот за јавни набавки. Опозицијата смета дека со неговотот непостоење ќе се отвори патот за коруптивни тендери, но за голем дел од институциите одлуката е големо олеснување, бидејќи парите нема да се трошат за составување на технички исправна тендерска документација, туку за она за што првично се наменети. 

Веста е прочитана 942 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.