Извршители - потреба или арач?

18 October, 2017 - 16:07

Миле Цветановски бил шокиран кога во банката го информирале дека не може да ја подигне пензијата бидејќи му е блокирана сметката. Имал неплатен долг за сообраќаен прекршок од пред 11 години за кој во изминатиот период и заборавил. Износот бил 100 евра, но сега од сметката му земале 500 евра и тоа на име на камати и услуги.

Според Цветановски, во неговиот случај, но и во многу други не се почитува законската постапка, како на пример потребата да биде известен граѓанинот пред да му бидат повлечени парите, но и колкав дел може да биде земен.

Претседателот на комората на извршители ги отфрла обвинувањата на дел од граѓаните за незапазување на законските постапки како неосновани.

Како неточни ги оценува и тврдењата дека личните сметки на извршителите вртоглаво растат, и дека нивното богатсво се зголемува пропорционално со осиромашувањето на граѓаните.

Според дел од медиумите, на сметките на десетте извршители со најголеми приходи, минатата година се слеале речиси 4 милиони евра. Владата најави дека ќе ги намали трошоците што граѓаните ги плаќаат на извршителите. Жалбите најмногу се однесуваат на високи трошоци, многу често за незначителни долгови, главно кон банките или за комуналните давачки.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 7293 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.