Јавна седница на Апелација за прислушуваните разговори како докази во случајот „Тендери“

1 November, 2017 - 13:38

На јавна седница Апелациониот суд воден од судијката Лилјана Спасова ја разгледа жалбата на СЈО по одлуката на кривичен да ги отфрли прислушуваните разговори како докази во предметот „Тендери“.

Обвинети во овој случај на СЈО се поранешната министерка Елизабета Канчевска Милевска и уште двајца, кои се товарат за злоупотреба на службенета положба при изградбата на музејот на ВМРО. Тие денеска не дојдоа во судот.

Одбраната на обвинетите, кои ја поднесоа жалбата пред кривичен, се на ставот дека на обвинетите им било прекршено правото на приватност и дека материјалите се незаконски прибавени.

Обвинителите на СЈО бараат од апалеција да ја разгледа одлуката на кривичен која според нив е нејасна, противречна и незаконита. Бараат да се преиначи одлуката а апелација да ја земе в предвид и целта на формирањето на СЈО која е испитување токму на овие снимки.

Започнаа да течат 24 часа во кои апелација треба да ја соопшти одлуката по жалбата на СЈО.

Веста е прочитана 1779 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.