Како изгледаше Роналдо на почетокот на својата кариера

12 July, 2016 - 10:39

Кристијано Роналдо е сон на многу жени низ светот, а најновата титула европски првак сигурно ќе му ја зголеми и онака големата популарност меѓу понежниот пол.

Сепак, на почетоците од својата кариера, тој беше далеку од сегашниот статус на светски заводник. Во тинејџерските денови тој имаше акни, криви заби, а и многу чудна, необична фризура. Ако на тоа се додаде и лошиот англиски од првите интервјуа, сликата е уште покомплетна. 

Португалецот оттогаш значително се промени, па така и бројот на обожавателките се зголеми.

Но, се чини дека сепак списокот на девојките во неговиот живот ќе беше многу покус, доколку Кристијано го задржеше својот „природен“ изглед. 

Веста е прочитана 313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.