Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на „Евросонг“

12 May, 2016 - 09:08

Македонската поп дива Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија  на 61. издание на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.

Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.

Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.

Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери. Од првата полуфинална вечер пласман во финалето изборија претставниците на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.

Шведска по третпат е домаќин на „Евросонг“.

 

Веста е прочитана 465 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.