Каталонија прогласи независност - Мадрид ќе ја укинува автономијата

27 October, 2017 - 18:33

Експлозија на прослава во Барселона – Каталонија е независна.

Каталонскиот парламент ја одобри резолуцијата со која се прогласува унилатерална независност од Шпанија и формирање на каталонската република. На тајното гласање присуствуваа само партиите за независност, додека народната партија и социјалистите, откако претходно опозицијата го искина предлогот за независност,  ја напуштија седницата: крајниот рзултат 70 – „За“, 10 – „Против“. За Каталонците, Каталонија е независна.

Голема прослава и на улиците на Барселона, каде се насобраа илјадници поддржувачи на независноста.

Со други зборови, стапува на сила законот за правна транзиција и формирање на републиката. Прослава во салата и пеење на каталонската химна „Лес Сегадорес“.

„Денеска парламентот, парламентот на нашата земја, легитимен парламент, кој произлезе од изборите на 29 септември презема наголемо очекуван чекор, чекор за кој се избори. Огромното мнозинство на парламентарните претставници, легитимно избрани, кулминираа во мандат потврден на гласачките ливчиња. Граѓани на Каталонија, доаѓа момент кога е до нас да го одржиме пулсот на земјата, на нашата земја, да го оддржиме пред се нашиот мир, нашата граѓанска должност и нашето достоинство“, истакна Пуџдемон.

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој веднаш реагираше преку твитер, поканувајќи ги на смиренот сите граѓани на Шпанија и додавајќи: „правната држава ќе ја реставрира легалноста во Каталонија“. Рахој, потегот на каталонските власти го нарече криминален.

Веднаш по каталонското гласање, Шпанскиот сенат го одобри членот 155, како што најави Рахој. Ваквиот потег е неопходен, „не против Каталонија, туку за да не се злоупотребува со Каталонија“. Шпанската влада сега има правна основа да ја укине автономијата на Каталонија, или поточно да ја одземе надлежноста над Каталонија на избраните каталонски власти.

Според шпанските медиуми, шпанското обвинителство подготвува обвинение за бунт против Пуџдемон.

За Европската унија ништо не е променето. „Шпанија останува нашиот главен соговорник“, реагираше претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск. Тој изрази надеж дека Мадрид ќе ја употреби силата на аргументите, пред аргументот на силата.

Со соопштение излезе и американскиот Стејт Департмент, Каталонија е интегрален дел од Шпанија, изрзуавјќи поддрша за уставните мерки на Шпанија, со цел оддржување на силна и обединета Шпанија.

Ивор Мицковски

Веста е прочитана 2098 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.