Шпанското обвинителство бара притвор за осум лица од каталонската влада

2 November, 2017 - 12:49

Обвинителството побара притвор за потпретседателот на владата на Каталонија, Ориол Жункерас, и уште седум други лица кои денеска беа на сослушување во суд во Мадрид.

 

Тие се обвинети за поттикнување бунт  и проневера на пари.  Јавниот обвинител не побара притвор за Санти Вила, кој поднесе оставка од својата функција 24 часа пред Парламентот да прогласи независност.За него судот побара кауција.

Сецесионистичките лидери од Каталонија денеска се појавија пред судот во Мадрид  поради обвинувања за бунт. Деветмина членови на регионалната влада излегоа пред судот но, Карлес Пуџдемон и уште четворица министри ја игнорираа судкста наредба и не отпатуваа за Мадрид.

Судиите ќе одлучат дали ќе побараат притвор или одземање на нивните патни исправи.

По првите искази на осомничените, судовите ќе одлучат за евентуално почнување истрага, која може да потрае неколку години и потенцијално да доведе до судење. Шпанските централни власти ја разрешија каталонската влада во петокот и распришаа предвремени избори во регионот во декември.

Веста е прочитана 576 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.