Кина и САД со „студени глави“ за Северна Кореја

18 March, 2017 - 16:19

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави денеска дека имал „искрен, прагматичен и продуктивен“ разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој се наоѓа во посета на Кина, порачувајќи дека прашањето за Северна Кореја мора да се реши мирно и со дипломатски средства. Американскиот и кинескиот дипломат ја потврдиле одлучноста за убедување на Пјонгјанг, кој има брзо напредувачка нуклеарна програма, дека Северна Кореја треба да избере подобар пат. САД и Кина се согласиле на заедничка соработка, со цел да ја убедат Северна Кореја да го напушти сегашниот пат. Според Тилерсон, тензиите на Корејскиот полуостров се на „многу опасно ниво“.

Веста е прочитана 912 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.