Код: Кога и како избегаа од Македонија Грујевски и Бошковски

5 November, 2017 - 19:57

На 19 07 (два дена по одлуката за одложен притвор на Апелација) Горан Грујовски ја напушта Македонија но не со својот пасош и име. Владимир Варелов е идентитетот што го користи. Укареден од негов колега полицаец од Велес. Но овој пасош не е изваден на црно. Тоа е всушност патна исправа издадена од МВР со украден идентитет. Грујовски го има како разузнавач наводно за да извршува тајни операции. Како и колку го користел од МВР никогаш не објаснија . 

Под името Варелов прво влегува во Србија каде не е исклучено дека се задржал ден два но она што КОД со сигурност го дознава од извори во бугарската полиција е дека на 24 Јули тој доаѓа под името Варелов во Бугарија . Таму веќе го чекаат изработени два фалсификувани бугарски пасоши. Така тој од Варелов станува бугарски државјанин Христо Атанасов . А на својот другар Никола Бошковски му носи пасош под името Неџби Хасан. Но македонската полиција на 27 ми јули распишува меѓународна потерница за двајцата под нивните родени имиња.

Полицијата не е на трагата на лажните идентитети. Грујовски како Варелов се враќа во Макеоднија му го дава пасошот на Бошковски и заминуваат во Грција-избегале на нелегален граничен премин . Сега веќе в џеб ги имаат бугарските пасоши и се преставуваат како европски државјани.

Во Бугарија се задржува за да му изработат пасош под името Христо Атанасов пасошот како документ е оргинален испечатен од страна на Бугарската полиција но  е празен . На него фалсификаторот вметнува валсификуван идентитет односно слика на бугарскиот дрѓавјанин Христо Атнасов .

Повеќе во емисијата Код 

Веста е прочитана 1995 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.