Косово можен извор на заразата со морбили

25 September, 2017 - 17:01

Нема нови случаи на морбили, но се уште постои опасност од ширење на заразата, предупредуваат епидемиолозите. Петте деца кои се лекуваат на Инфективна се во добра здравствена состојба. Надлежните се сомневаат дека извор на заразата е Косово. Сомнежите ќе ги проверуваат во лаборатории на СЗО.

Во моментот се чешлаат вакциналните картони. Дали ќе има вонредна теренска вакцинација, ќе се знае откако ќе се сумираат резултатите. Наредните денови епидемиолозите ќе ги лоцираат непријавените и воопшто невакцинирани деца.

Во текот на викендот се вакцинирани 100 лица кои биле во близина на заразените. Најтешка последица на болеста е воспаление на мозокот, а најчести компликации се  воспаление на белите дробови и проблеми со цревата. Заразата најлесно се шири три дена пред појава на симптомите и три дена потоа. Утре на терен ќе излезат и екипи на Министерството за труд и социјална политика. Ќе ги проверуваат градинките во општина Гази Баба, каде во петокот во областа кванташка депонија надлежните прогласија епидемија на морбили, иако досега ниту една од установите не пријавила случај на сипаници.

Весна Јовановска Дојчиновска

Веста е прочитана 1063 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.