Косовската полиција заплени аресенал оружје во близина на граничниот премин Блаце

10 October, 2017 - 11:58

Косовската полиција заплени поголема количесрво оружје, во близина на косовско-македонската граница, кај Блаце.

Според полицијата запленети се автоматска пушка АК-47, две  пушки М-48, една ловџиска пушка,14 пешадински мини, 13  рачни гранати, 2.472 куршуми разни калибри,двогледи, ножеви и 30 шаржери за муниција.

Во акцијата е уапсено едно лице, кому судија му  одредил мерка притвор во траење од 48 часа. 

Веста е прочитана 471 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.