Кризата влијае врз берзата

21 April, 2017 - 16:47

Политичката криза неповолно влијае на финансиските текови, оценуваат берзанските експерти. Тие укажуваат дека по добрите резултати од берзанското тргување во првиот квартал кога е реализиран промет од околу 17 милиони евра, што е втор најдобар резултат во последните пет години, во април има стагнација.

„Април е малку поуспорена динамиката што укажува дека фрагилна е целата состојба, неекононмските фактори и политичката криза секако влијаат најмногу со тоа што странските инвеститори речиси не се присутни, пазарот се потпира на македонските инвеститори со сите импликации и можни последици во иднина“, изјави Иван Штериев, главен и извршен директор на Македонска берза.

По светската економска криза од пред десет години, балканскиот регион сега го тресе нова криза околу начинот на финансирање на големите компании во приватниот сектор, каде доминира задолжувањњето со банкарски кредити, укажуваат експертите, посочувајчи дека одговорност за тоа сносат и политичарите кои ја пропуштаат можноста пазарот на капитал да го стават во функција на развој на националните економии.

„Тоа ескалираше пред неколку седмици во Хрватска во случајот со гигантот Агрокор. Се покажа дека проблемите во една толку голема компанија која има голем број вработени и во други земји, немаат реперкусии само во својата домицилна земја, туку и во целиот регион. Тоа е криза која покажува дека стандардниот начин на финансирање на компаниите кој го имаме во нашите транзициски општества последните 25 години од Вардар до Триглав, потврдува дека сопствениците на приватниот капитал се уште не ја научиле лекцијата и не ги користат можностите кои ги пружа пазарот на капитал“, вели Синиша Крнета, директор на берзата во Белград, Р. Србија.

За актуелните случувања на финансискиот пазар се разговара на 18 годишна конференција на Македонската берза на хартии од вредност, на која ќе стане збор и за новините во фондовската индустрија во Македонија, како колективните платфорни за финансирање и влијанието на новите технилогии во финансискиот

Горан Момироски

Веста е прочитана 998 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.