Кризата во Каталонија не може да биде решена само со спроведување на избори

24 October, 2017 - 13:15

Шпанскиот министер за правда Рафаел Катала истакна денеска, дека политичката криза во Каталонија не може да биде решена само со свикување на регионални избори. 

- Нема се да се реши само со свикување на избори, нагласи Катала, и покрај тоа што целта на Владата во Мадрид е спроведување на избори во шпанската област. 

Тој оценува дека, доколку каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон се појави прад шпанскиот Сенат, тоа би претставувало позитивен чекор за понатамошното изнаоѓање на решение за конфликтот меѓу шпанската Влада и властите во Каталонија. 

Во саботата, шпанскиот премиер Маријано Рахој објави дека го активира членот 155 од шпанскиот Устав, што предвидува отстранување на Пуџдемон и каталонската Влада. 

Во однос на тоа, шпанскиот министер за правда наведе дека „од правна и формална гледна точка“ каталонските регионални лидери не можат да не ја почитуваат одлуката за нивно отстранување. 

- Кога ќе биде објавена одлуката, Пуџдемон ќе ги изгуби сите овластувања, појасни Катала. 

На 27 октомври Горниот дом на шпанскиот Парламент ќе ги разгледа мерките кои се предложени од шпанската Влада. 

На 1 октомври во Каталонија беше спроведен референдум за независнот. Од вкупно 5,31 милиони лица кои имаат право на глас, гласаа 2,28 милиони лица, од кои 90 отсто гласаа „за“ независност. 

Централната Влада во Мадрид го прогласи референдумот за неуставен и одби да ги прифати резултатите.

Веста е прочитана 477 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.