Круц и Народната партија победија на парламентарните избори во Австрија

16 October, 2017 - 10:32

Победа на Себастијан Круц и неговата Народна партија, покажуваат прелиминарните резултати од парламентарните избори во Австрија. Обраќајки им се на своите подржувачи, Курц порача дека дошло времето за промена во државата.

„Имам големо барање од вас. Славете денеска, сите го заслуживте тоа преку напорната работа и посветеноста. Но во исто време морам да ви кажам дека работата почнува утре. Не работевме за да победиме на изборите, работевме за да ја вратиме Австрија на врвот. Работевме на овие избори за да постигнеме рална шанса“, рече Курц.

Народната партија победува на изборите но нема да освои мнозинство па најверојатно ќе бара коалиција со Партијата на Слободата, која е во мртва трка со Социјалдемократите за второто место.

„Социјалдемократската партија на Австрија доби 1.144.516 гласови, тоа е 26,7 проценти. Листата на Себастијан Курц, новата Народна партија доби 1,341.930 гласови, тоа е 31,4 проценти. Партијата на Слободата доби 1.170.455 гласови, тоа е 27,4 проценти“, ги соопшти резултатите австрискиот министер за внатрешни работи, Болфганг Соботка.

Со оваа победа, 31 годишниот Себастијан Круц станува најмладиот лидер на држава во светот. Во 2013 година беше назначен за министер за надворешни работи на само 27 години и беше лицето на антиимигрантското расположение во Европа. Во Мај 2017 стана лидер на Народната партија која ја имаше власта во Австрија 30 години, и за само неколку месеци успеа да ја ребрендира партијата.

Курц не сакаше да зборува за плановите околу формирањето на новата влада, туку само изјави дека ќе започне преговори со сите партии. Владата во заминување беше коалиција меѓу Народната партија и Социјалдемократите, но се распадна пролетта и малку е веројатно дека ќе биде обновена.

Игор Трајков

Веста е прочитана 731 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.