Курдистан ќе ја почитува одлуката за забрана на сецесија

14 November, 2017 - 13:31

Регионалната Влада на Ирачки Курдистан соопшти денеска дека ќе ја почитува одлуката на Сојузниот суд со која се забранува отцепување на тој регион од Ирак.

- Веруваме дека одлуката мора да стане основа за почеток на сеопфатен национален дијалог меѓу Ербил и Багдад, заради решавање на сите несогласувања, се наведува во денешното соопштение на Владата на Ирачки Курдистан.

Ирачкиот Врховен сојузен суд на 6 ноември пресуди дека ниту еден регион ниту покраина не може да прогласи одвојување од Ирак, реагирајќи на курдскиот референдум за независност.

Пресудата беше одговор на барањето на Владата да се запре каква и да е „погрешна интерпретација“ на Уставот и да се потврди единството на Ирак. Овој суд е одговорен за решавање на спорови меѓу централната Влада во Багдад и регионот, вклучувајќи го и Курдистан.

На 25 септември се одржа референдум за независност на Ирачки Курдистан, на кој 92 отсто од гласачите се изјаснија за независност на регионот. Багдад го осуди референдумот како незаконски. 

Веста е прочитана 263 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.