Леонардо ди Каприо „ќе го донесе“ Робин Худ во Дубровник

18 July, 2016 - 10:19

Најголемата филмска продукција што кога било се случила во хрватската историја е планирано да се случи во Дубровник во 2017 година, јави Хина.

Станува збор за филмот „Робин Худ: Почетоци“, во продукција на компанијата „Лајонсгејт Филмс“.

Продуцент на филмот е Леонардо ди Каприо, а актерската екипа ќе ја сочинуваат плејада „оскаровци“, како на пример - Џејми Фокс, кој ќе настапи во улогата на „Малиот Џон“. 

Според дубровничките градски власти, продукцијата на филмот е планирана да започне во јануари и да трае некаде до февруари. Премиерата е закажана за 2017 година.

Во главната улога, онаа на Робин Худ, ќе го видиме велшкиот актер Тарон Еџертон, познат по филмот „Кингсмен“, додека пак, ќерката на Боно од „Ју-Ту“, Ирката Ив Хјусон ќе ја глуми Мерион. Режисерската палка ќе му припадне на Ото Батхрст.

По серијата „Игра на тронови“, седмиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, и по боливудскиот хит „Фан“, Дубровник продолжува да биде атрактивна дестинација за филмските продуценти. Според „Лајонсгејт Филмс“, Дубровник е „најпосакуваната странска филмска дестинација во светот“ за американските продуценти. 

 

Веста е прочитана 309 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.