ЛГБТИ заедницата со закон ќе биде заштитена од дискриминација

1 November, 2017 - 21:38

Времињата на безаконие и кршење на човековите права се минато. ЛГБТИ заедницата со закон ќе биде заштитена од дискриминација. Ова го вети премиерот Заев, изразувајќи им отворена поддршка. Најави рачистување на случаите на насилство врз ЛГБТИ и потенцираше дека насилниците кои напаѓаа граѓански активисти и ги кршеа просториите на Центарот конечно ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Владата поставува темели на држава која што е заедничка за сите и ќе се стреми да ги штити правата на сите, без разлика на какви било различности, припадност или уверувања, рече Заев.

Еден од чекорите што се преземаат во таа насока е подготовката на новиот закон за спречување и заштита од дискриминација, за која што е во тек јавната расправа. Целта е со овој закон да постигнеме законска усогласеност со меѓународните стандарди за човекови права. Дефинирањето, поим што се подразбира под дискриминација, ќе биде во согласност со меѓународните стандарди. Значајни промени се предвидени во самата комисија за заштита од дискриминација, која што ќе биде професионализирана преку транспарентен избор на членови докажани во областа на човековите права, кажа Зоран Заев, претседател на Влада на РМ.

Очекувањата се големи меѓу невладините кои беа најгласни во битката против дискриминација на ЛГБТИ-заедницата. Се надеваат дека во нивна одбрана и заштита ќе застанат и пратениците, барем неколкутемина кои и досега давале отворена поддршка.

„Ние очекуваме заедно со неформалната група пратеници која веќе постои во Парламентот, имаме 7 пратеници кои јавно се залагаат за нашите права, дека ќе работиме токму на последиците кои ги имавме од овие напади во изминатите 5 години. Кривичниот законик мора да ги препознава сексуалната ориентација и родовиот идентитет и изразување како основи, исто како што мора и Законот за спречување и заштита од дискриминација, исто така мора да направиме правна рамка и пристап до здравствени услуги, мора да ги регулираме односите на партнерите кои градат заедници во ова општество и се надеваме дка со нашите поддржувачи, со пратениците од Парламентот, со подрршката од новата влада дека ќе разговараме и дека ќе дојдеме до решенија во идниот период, кажа Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ

Премиерот Заев на одбележувањето на 5-годишнината од отворањето на ЛГБТИ центарот ја уплати и првата донација во т.н Сигурна куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а кои останале без работа или покрив над главата заради својата сексуална ориентација. Досега преку центарот психо-социјален помош добиле 50-тмина.

Весна Јовановска Дојчиновска

Веста е прочитана 2016 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.