Магрели за новата генерација италијански режисерски имиња

23 October, 2017 - 16:02

Филмскиот критичар и новинар Магрели, секоја вечер на радио РАИ во една од најпознатата радио емисија „Холивуд парти“ ги разоткрива сите дострели на седмата уметност низ годините до денес. Филмот во Италија ги отслика сите индивидуални и колективни битки на еден специфичен начин, вели Енрико Магрели.

„Има многу режисери меѓу кои Франческо Рози, Елио Петри „Недела на италијанскиот јазик и култура“, која оваа година се одржува по 17 пат,кои низ филмот им покажаа на луѓето што се случува во Италија, која е причината за некои политички случувања, кои за многумина беа еден вид тајна, тие ја разоткрија историјата на Италија, оние делови кои дотогаш беа мистерија“, вели Маргели.  

Многумина кога ќе се спомене италијанската кинематографија првата мисла им е Фелини, Пазолини, Софија Лорен, Марчело Масторјани, за мене современата италијанска кинематографија е исклучително интересна, можеби ја нема таа популарност новата генерација на режисерски имиња чии дела се уникатни, во исто време пак универзални според темите кои ги загатнуваат, додава Магрели .

Во Италија во моментов можам да издвојам три или четири режисери Нани Морети, Паоло Сорентино режисерот на „Големата убавина“, Матео Гароне, Џани Амели, Микеле Плачидо и уште неколкумина кои навистина имаат свој печат“, рече Маргели.   

Големото око на минатиот век беше киното, вистинска институција затоа што тоа беше единствениот начин да го видите светот и разноликоста на идеите во него. Денес моќта ја има телевизијата, вели Магрели бидејќи низ годините нештата се менуваа, сепак проекциите во киносалите ја задржаа својата магија.

Нина Стефанова

Веста е прочитана 567 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.