Македонската филхармонија е отворена со политичка одлука

29 May, 2017 - 18:59

Дождот ги покажа проблемите со недовршениот , а отворен нов објект на Македонската филхармонија, 73 години по формирањето. На ова аматерско видео што го доби Телма, се гледа како атмосферската вода од кровот, преку еден од 4- те лака, паѓа на плочникот од страна на службениот влез, како од чешма . Отворањето на нашиот нов дом без да биде целосно направен беше политички мотивирана и исфорсирана одлука, вели претседателот на Синдикатот за култура и тромбонист во Филхармонијата, Виктор Илиески. Иако од раководството добиле гаранции за заштита при работа во недовршената зграда, Илиески вели дека за сега нема нормални услови за тоа.

-Не е пријатно зашто сеуште малата сала не е готова. Во неа сеуште има мајстори. Меѓутоа зборуваме за хигиенскиот дел , во однос на влегувањето, излегувањето и движењето, кое што сепак е ограничено, изјави, Виктор Илиески-претседател на СКРМ.

Покрај малата сцена, не се готиви ни просториите во позадината на објектот, а оспособени се само 2 тоалети и 4 гримиорни, дополнува Илиески.

-Иако се обидовме , не успеавме да влеземе во новиот објект на Македонската филхармонија, за да ви покажеме почитувани гледачи дека таа сеуште не е целосно направена, како што велат вработените. Едноставно, обезбедувањето ни кажа дека за тоа е потребна дозвола, од раководството на Македонската Филхармонија.

Телма се обиде да стапи во контакт со директорката Маја Чаначевиќ, но таа не одговори на телефонските повици. Одговор не добивме ни од Министерството за култура. Новиот објект на Филхармонијата , според истражувањата на БИРН е вреден околу 40 милиони евра. Се градеше 8 години со застој, поради банкротот на австриската градежна фирма „ Алпине бау“, која потоа ја замени нашата „ Гранит“. Објектот сеуште го уредува австриската фирма „ Страбаг“.

Следниот концерт во недовршениот објект на Филхармонијата е закажан за 1 јуни.

Сотир Трајков

Веста е прочитана 2939 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.