МАНУ да истражува што ќе се случи со земјава ако се исселат 160 илјади луѓе во една година

20 April, 2017 - 15:58

Релевантни но и загрижувачки се резултатите од анкетата за тоа колку луѓе се во фаза на подготовка да ја напуштат земјата, тврдат експертите. Иако недостигаат официјални податоци државата треба итно да реагира ако 160 илјади луѓе годинава се исселат од тука. Особено е битно да се испита од кои региони оти и во моментов речиси 50 проценти од општините се испустени. Најзафатени се вардарскиот, североисточниот и пелагонискиот регион.

Во анкетата која ја спроведе Телма и МЦМС на 1.000 испитаници, речиси 40 проценти се изјаснија дека трајно сакаат да се исселат од земјава, а карактеристично е што голем дел од нив се не само млади туку на возраст од 35 до 54 години. Интересно е што дури 8 проценти се веќе во подготовка да го сторат тоа. Токму тоа би требало да ги натера институциите особено МАНУ да истражува што би се случило во земјата ако се реализиара ова.

Инаку земјава има донесено стратегија за демографски развој, програма за рамномерен развој и резолуција за миграциони движења но не се реализираат. Пописот на населенито со кој би се видло колку се заминати, дали пријавиле и колку време живеат во друга земја останува еден од проблемите. За сега имаме само вештачка а не реална слика за бројот на до сега исселени.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 4323 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.