Владата објави мерки за економски раст

14 September, 2017 - 16:48

На директна државна помош од следната година ќе можат да сметаат сите домашни и странски компании кои ќе остварат позитивни резултати во работењето, раст во приходот,повисок извоз и инвестиции и ќе отворат добро платени работни места. Мерките за поголем економски раст кои како драфт верзија ги предлага владата, содржат неколку менија во кои секој инвеститор без привилегии, клиентелизам  и политички стеги, сам ќе пресмета колку помош може да очекува од државата.

„Ќе ги поддржиме фирмите храбро да изработат проекти, да станат конкурентни со фер шанси на пазарит“, кажа Зоран Заев, премиер на РМ.

Предложените мерки се однесуваат на сите компании без разлика дали се во ТИРЗ-овите или не, за извозно ориентираните фирми и за малите и средни компании. Тие според уверувањето на Заев нема да го чинат буџетот повеќе од она што претходната влада го потрошила за привлекување и субвенционирање на странските инвеститори, и со нив ќе се постигне раст на економијата од 5 %. Објаснувајки ги мерките вицепремиерот Анѓушев рече дека на субвенции ќе можат да сметаат компаниите што ќе исплатат двојно поголема плата од просечната, за високообразованите кадри да не ја напуштат земјата, но не и оние кои исплаќаат под 18 000 денари.

„Новите работни места ќе бидта поддржани ако платата е за 50 % повисока од мин, значи тие под 18 000 нема да добијат субвенција“, кажа Анѓушев.

Мерките се врзани со резултатите во работењето и докажани со завршна сметка и извештај од независен ревизор. Тие нема да важат  за бенефицирани компании, веќе еднаш субвенционирани фирми, компании кои се  лиценцирани и имаат  концесии. Фирмите во зоните ќе можат да добиваат државна помош и по завршување на долговите.

Посебен третман ќе имаат компаниите кои ќе вратат во живот фирма  што е во стечај или ликвидација.Оваа мерка ќе се применува веднаш бидејки не е врзана со остварени резултати

Планот за економски раст е мегдан за дебата и не е направен од најпаметните од владата, рече Заев, но идејата е тој што побрзо да се реализира за повисок стандард на граѓаните, повисоки плати, извоз, инвестиции и поголема конкурентност на домашните компании.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 1665 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.