Мерките се добри, но државата конечно да се раздолжи кон стопанството

20 September, 2017 - 16:42

Бизнисмените ги поздравуваат и поддржуваат владините мерки за повисок економски раст, но тие бараат од Владата паралелно со нивното спроведување, таа да најде начин конечно да се раздолжи кон стопанството, сека откако веќе се знае точната сума не нејзиниот долг. Ова денес тие му го кажаа на вицепремиерот Кочо Анѓушев, откако тој пред нив ја претстави владината програма

„Мерките ќе бидат нов елан за домашната бизнис заедница, ни требаше некој тригер, што ќе биде ветер во грб за и ние додадтно да нагазине со одредени активности. Но паралелно со тоа, обврските кои државата ги има кон компаниите, треба паралелно да се решаваат“, вели Живко Мукаетов, генерален директор на „ Алкалоид“.

Стопанствениците сметаат и дека треба да се зголеми капацитетот на Македонската банка за поддршка на развојот, а државата треба да помага за создавање на развојни центи не само кај странските компании, туку и кај домашните.

Според првиот човек на СКМ, Азески, добро е што конечно се соочуваме со реалноста дека живееме во капитализам, и дека успешните компании можат да и донесат развој на земјата.

Економистите посочија и забелешки за програмата.

Експертите сметаат дека програмата е премногу дарежлива во поглед на даночните ослободувања, според нив тоа е апсурдно во услови на постоење на рамен данок во земјава.

Странските инвеститори повеќе ги привлекуваат други фактори, смета академик Таки Фити.

„Странските инвеститори многу полесно ќе дојдат ако имаат верба во макроекономската стабилност на земјава, ако видат дека има стабилност на девизниот курс, нема корупција, има владеење на правото“, вели Таки Фити, претседател на МАНУ.

Владината програма вчера беше претставена и пред претставниците на меѓународните организации во земјава и странските амбасади, кои генерално прашуваат како ќе се обезбеди буџетска одржливост на мерките, но побараа и да се унапреди паралелно и образовниот систем во земјава. 

Нина Нинеска- Фиданоска

Веста е прочитана 783 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.