Мила Кунис без шминка на насловната страна на „Гламур“

11 July, 2016 - 11:00

Насловната страна на последното издание на магазинот „Гламур“ го краси портретот на актерката Мила Кунис.

Навидум ништо невообичаено, освен ако се има предвид дека Кунис за фотографиите позирала целосно природно и без шминка. 

- Тоа беше моја одлука. Се чувстувам одлично. Не носам шминка и не ја мијам косата секој ден. Им се восхитувам на жените кои секое утро стануваат 30 или 40 минути порано за да се нашминкаат. Тоа е убаво, но јас не сум таква, изјави сопругата на глумецот Ештон Качер.  

Но, додека за насловната страна позира без шинка, на фотографиите во едиторијалот на „Гламур“, Мила има темен кармин и сенка и креон на очите.

Веста е прочитана 325 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.