Младата американска пејачка Кристина Грими убиена додека делела автограми

11 June, 2016 - 16:43

Американската пејачка Кристина Грими, некогашна натпреварувачка во популарното музичко шоу „Војс“ е застрелана по својот концерт во Орландо.

Грими им подлегнала на повредите во болница, а напаѓачот се самоубил.

Маж чиј идентитет не се открива по настапот на музичката звезда пукал со два пиштола во моментот кога таа им делела автограми на своите обожаватели.

Веста за смртта на Грими брзо се рашири по социјалните мрежи, а полицијата соопшти дека истрагата за овој немил настан се уште е во тек.

Веста е прочитана 488 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.