Московиси: ЕУ со Велика Британија ќе се однесува пријателски и одлучно

18 June, 2017 - 13:18

Европската унија ќе се однесува пријателски и одлучно со Велика Британија на преговорите за Брегзит, кои почнуваат утре, изјави еврокомесарот за економија и финансии Пјер Московиси.

„Во однос на прашањето за Брекзита нема да бидеме ниту тврди, ниту меки, туку пријателски и решителни“, изјави Московиси за францускиот неделник „Журнал ду диманш“.

„Сите сценарија се на масата, вклучувајќи го и тоа да не биде постигнат договор на 29 март 2019 година. Но тоа не е опцијата, која ја преферираме“, истакна еврокомесарот.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле дадоа слични изјави оваа недела.

Тие нагласија дека вратата за останување во ЕУ останува отворена за Велика Британија се додека не завршат преговорите за излегување.

Веста е прочитана 828 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.