„Мудрости - Радости“ на летната сцена во МОБ

1 September, 2017 - 15:40

Утре на летната сцена во МОБ ќе се одржи уште еден од општествено одговорни настани на Стопанска банка А.Д - Скопје, насловен како „Мудрости - Радости“.

Настанот е наменет за сите деца кои со нетрпение го очекуваат почетокот на новата учебна година и има за цел да ги нагласи предностите кои ги нуди образованието, како откривање и совладување на нови знаења и создавање на поубава иднина за сите.

Настанот ќе се одржи во сабота на 02.09 со почеток во 18 часот и во него ќе можат да се видат: балетско шоу од „Ла Ла Ла“ МОБ, концерт на „5+ бенд“, DJ и „Break a Leg“ танцово шоу, ќе се одржи и лотарија со вредни подароци и сето тоа ќе биде надополнето со многу интерактивни содржини.

Веста е прочитана 1209 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.