МВР трага по осомничениот за убиството на Јанушев

5 November, 2017 - 19:28

Полицијата има осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев и  трага по него. Обезбедени се и сведоци што ќе го препознаат велат извори за Телма од истрагата.

Блиски пријатели на  Јанушев раскажуваат  дека последниов период  бил вознемирен, добивал заканувачки пораки на неговиот телефон  а дека причините биле нерасчистени односи. Токму затоа се очекува информациите од неговиот телефон да ја доближат истрагата до тоа кој му се заканувал и зошто. Роднини на Јанушев пак велат  дека истиот ден, тој се видел во кафулето со лугето за кои се шпекулира дека се поврзани со убиството.

 И додека во јавноста веке се лицитира дури и со имиња на можни сторители и нарачатели официјално од МВР и денеска не откриваат детали. Велат истрагата е во тек и кога ке имаат нешто што може да се сподели со јавноста ке информираат. Не коментираат ниту дали убиецот е 25 годишен осуденик за трговија на наркотични средства, кој деновиве бил пуштен на слободен викенд, како што објави Макфакс. Нема потврда ниту чие било оружјето најдено на местото на убиството. Истражните органи ги чекаат резултати од вештачењата и обдукцијата . Се прибираат докази и видео снимки од безбедносни камери кои би помогнале во расчистувањето велат извори од истрагата.

Со повеке истрели Јанушев беше застрелан во петокот попладне пред зградата во која живеел кај кафулето Ред Кафе во скопски Аеродром . Случајни минувачи го пренеле во градската хируршка болница но без знаци на живот.

 

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 3686 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.