На избеганиот Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Тврдина 2“

2 November, 2017 - 12:38

Судењето на Горан Грујевски на кое како сведок беше планиран Никола Бошкоски продолжи иако адвокатите на обвинетите во случајот Тврдина 2- сметаа дека поради екстрадиционата постапка за двајцата кои се избегани во Грција, процесот треба да се одложи на неопределно време.

Но, судијката Лидија Петровска го одби предлогот и судењето продолжи со разгледување на класифицирани докази. Во процесот Горан Грујевски е обвинет дека заедно со уште 6 вработени во УБК уништиле докуемнтација поврзана со нелегалното прислушување. Но адвокатите предложија дополнителни докази, од други инситуции кои требало да покажат дека не се уништени важни документи.

Судот тоа им го одби, а од СЈО сметаат дека тие докази на одбраната не фрлаат нова светлина врз уништеното од страна на Грујевски.

Од СЈО очекуваат пресуда и прифаќање на нивните докази. До судот, специјалното обвинителство го доставило до судот и ова обвинение за да се стави во барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски уапсени на 18-ти октомври во Солун. Двајцата бегалци се во притвор во Грција. Продолжувањето на процесот за Тврдина 2 е закажано за во понеделник кога ќе бидат изведени завршните зборови.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 647 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.