На Македонија и е потребна државна стратегија за борба со сајбер криминалот

25 September, 2017 - 16:40

Кражби на идентитет на луѓе кој потоа се злоупотребува за интернет измами, милионски измамени компании преку податоци украдени од компјутерски системи на компании, штети од компјутерски вируси- се се тоа дела на таканараечениот сајбер, компјутерски криминал.  Најинтересна е измамата која доаѓа од внатре.

-Многу често има случаи кога компании добиваат електронска пошта во која се бара исплата на сума пари за определена зделка. На одговорниот му се кажува дека треба да уплати пари на определена сметка. Тие информации некогаш се украдени од внатрешен човек во компанијата кој ги хакирал компјутерите на директорот. На тој начин милиони и милиони евра незнаејќи се префрлаат на сметките на криминалците.

Дел од овие примери, експертите за борба со компјутерскиот криминал ќе им ги кажат на претставници на македонските институции за борба против криминалот, како што се МВР, обвинителството, финансиската полиција и надлежните агенции. Обуката на Советот за Европа има за цел да ги научи македонските институции да соработуваат во борба против сајбер криминалот.

-Идејата е да се помогне на државите да го развијат својот капацитет за справување со сајбер криминалот и за наоѓање на електронски докази. А кога зборуваме за сајбер криминалот мора да имаме предвид дека станува збор за криминал кој не е определeн со територија и е поврзан со други видови криминални финансиски активности, Најџел Џонс, меѓународен експерт.

Соработката меѓу надлежните е потребна на Македонија, сметаат експертите и препорачуваат да се направи и државна, владина стратегија за борба со сајбер криминалот. Но, истовремено ги предупредуваат и граѓаните да внимаваат што отвараат преку своите компјутери- многу често хакерите успеваат да ги украдат дури и нивните лични податоци.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 516 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.