На Митревски му е забрането да го напушта Скопје

2 November, 2017 - 12:41

Судот му одреди мерки на претпазливост на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и петмината соработници вработени во Општината осомничени за злоупотреба на службената положба при продажба на општинско земјиште.

Кривичниот суд вчера ги прифатил предлозите на обвинителството и на шестмината осомничени им одредил мерка забрана да го напуштат местото на живеалиште односно Скопје, одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд.

Вчера Митровски беше уапсен и приведен во полициска станица на распит. Тој и вработени во општината се сомничат  за незаконска приватизација на општинско земиште со што овозможиле парцели да бидат продадени за 1 евро од метар квадратен, иако на лицитација земјиштето би постигнало повисока цена. Нанеле штета во висина од околу 670 илјади евра.

Веста е прочитана 1129 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.