На Украина сепак нема да и биде одземена победата на Евровизија

20 May, 2016 - 13:04

Откако на Јутјуб се прошири видео од концерт на украинската победничка на овогодишниот Евросонг, Џамала на која таа една година пред натпреварот ја изведува победничката евровизиска песна, се огласи и Европската радиодифизна унија (ЕБУ), која објави свое видување на контровезното случување на Изборот за песна на Евровизија.

- Правилото на Евровизија кое гласи дека пријавените песни не смеат да бидат комерцијално објавени пред 1 септември преходната гоидна, е со цел на Изборот да учествуваат нови песни секоја година и сите да имаат еднакви услови, наведува ЕБУ во  соопштението

И во минатото некои песни беа јавно достапни пред посочениот датум, но не беа достапни на пошироката публика со што им беше дозволено учество на Евровизија.

Случајот со Џамала и песната „1944“ го привлече вниманието на ЕБУ поради снимка од настап на 18 мај 2015 година. Снимката на малиот концерт била прегледана само неколку стотина пати до моментот кога е откриена пред неколку дена.

ЕБУ затоа водејќи се од предходните искуства, одлучи дека објавеното видео не и дало предност на Џамала и дека песната според правилата може да се натпреварува.

 

Веста е прочитана 342 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.