Најголемата банка во Каталонија разгледува можност за преселба

6 October, 2017 - 10:18

Најголемата банка во Каталонија, Сабадељ, ја разгледува можноста за промена на адресата на централата по најавата на каталонските власти следната недела да прогласат независност.

УО на банката ќе одржи состанок за да разгледа како да се задржи работењето под правните рамики на ЕЦБ. Банката може да се регистрира во Мадрид, Аликанте или Овиедо, иако централата најверојатно би останала во Барселона. 

Банката Сабадељ не сакаше да ги коментира медиумските наводи.

Акциите на банката, кои беа во пад во текот на изминатите неколку дена, вчера малку пораснаа по шпекулациите за промена на адресата.

Веста е прочитана 1271 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.