Невозможно е да се признае автокефалноста на МПЦ без согласност од СПЦ

20 November, 2017 - 21:42

Синодот на Бугарската православна црква ќе заседава утре, ама добро упатени извори за Телма велат дека писмото од МПЦ нема да се најде на дневен ред. Најверојатно тоа ќе се случи следната недела кога БПЦ ќе треба да го разгледа предлогот да стане црква мајка на МПЦ и да ја признае нејзината афтокефалност. Каква ќе биде одлуката се уште не е на повидок. Но за познавачите веќе се отворија многу прашања. Од една страна дали е возможно БПЦ да биде црква мајка на МПЦ кога јурисдикцијата за овие простори е во рацете на СПЦ. Го отвораат и прашањето дали во овој случај е можно СПЦ да прогласи афтокефалност за ПОА на Вранишковски.

Одкако бугарските медиуми објавија дека МПЦ испратила писмо до бугарската црква никој од тукаштните свештеници не го коментира потегот. И денеска молчат од МПЦ за тоа зошто се обиделе да на овој начин да ја заобиколат СПЦ која не ја признава афтокефалноста. Според познавачите и покрај обидите на МПЦ да се да ја заобиколи СПЦ, сепак тоа е речиси невозможна мисија. За да се прогласи афтокефалност на една, треба да се согласат сите 14 православни, меѓу кои е и СПЦ.

За сега поддршка дојде од деканот на Православниот богословски факултет во Скопје. Во изјава за МИА вели дека конечно може да се дојде до праведно решение за македонското црковно прашање. Смета дека сите современи национални цркви како „мајка“ ја имаат Цариградската патријаршија. Во меѓувреме пак  критички текстови објавија грчките црковни медиуми кои МПЦ ја етикетираат како расколничка.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 4231 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.