Невреме во Грција - евакуриани македонски туристи

17 July, 2017 - 19:42

Дваесетина минути траела неизвесноста дали водената стихија ќе ги сруши и ѕиданите толети во кои се засолниле стотина туристи во кампот „Калимици“, на вториот крај на Халикиди во Грција. Потресните сведоштва за Телма ги раскажа семејстовото Јованчеви кое е евкуирано од грчките власти во хотел.

Пообилно заврнало точно напладне и атмосферската канализација усепала да ја собере водата во кампот. Дел од туристите се исплашиле и си заминале со автомобилите, оние кои немале доволно време да избегаат се нашле на удар на дождовните реки, кои се спуштале од околните ридови и целосно го уништиле кампот. Автомобилот е поплавен и уништен, а Јованчеви сега ќе бараат начин како да се вратат безбедно во Скопје.

Најсериозно било во камповите и на патиштата каде водата носела се пред себе, а некаде достигнала и над еден метар. Водената бомба го зафатила и автопатот Лариса - Кожани, а најмногу дожд паднало на вториот крак на Халикиди.

Грчките власти информираат дека евакуирале дестици туристи, но засега нема информации дали има повредени или загинати во невремето. Македонскиот конзулат во Солун очекува повици на дежурниот телефон, иако до сега македонски државјани не пријавиле дека се заглавени или отсечени. За невремето алрамираа и српските туристите кои побарале помош преку социјалните мрежи. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 8337 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.